Грст ореви против дијабетес
16/05/2016

Луѓето кои секој ден јадат грст ореви имаат помал ризик од дијабетес тип 2, велат американски научници.

Секојдневниот внес на ореви во период од 6 месеци резултирал со подобрена функција на крвните садови и намалена концентрација на таканаречениот лош холестерол во крвта, кои инаку се важни фактори за ризикот од дијабетес.

Оревите се одличен извор на масни киселини и други хранливи материи како фолати и витамин Е.

read full articleapply now

20-30% од дневниот внес на калории би требало да биде од масти, пишува стручниот магазин BMJ Open Diabetes Research & Care.