n Исто како домашен, Баланс+ Кефир за идеален почеток на денот - Balansplus.mk
Исто како домашен, Баланс+ Кефир за идеален почеток на денот
12/04/2022

Почеток на денот со кефир и воопшто вклучувањето на кефирот во секојдневната исхрана, според многу нутриционисти е најдобриот начин за градење силен и здрав организам.

Кефирот како млечен ферментиран напиток со својот состав е извор на бројни хранливи и корисни состојки, коишто пак влијаат врз многу процеси во организмот. Протеини, белковини, липиди, аминокиселини, Б и Д витамин, калциум, се дел од состојките со кои кефирот го снабдува организмот.

Со ваков состав кефирот има силно влијание врз здравјето, го зајакнува имунолошкиот систем, влијае врз дигестивниот систем, така што спречува и многу цревни заболувања. Ја поттикнува циркулацијата, го регулира високиот крвен притисок, а го намалува и нивото на лошиот холестерол.

Притоа со витамини и минерали во составот, посебно витамините Б и Д, ги зајакнува коските и ја зголемува нивната густина, а делува и како силен антиалерген.

Главна состојка се кефирните култури коишто ја предизвикуваат ферментацијата на млекото. Овие култури се комбинација на габи и бактерии што прават кефирот да биде совршен извор на пробиотски микроорганизми, а со тоа доаѓаат и позитивните влијанија врз процесите во организмот.

Праксата за приготвување домашен кефир поради неговото благотворно дејство датира одамна. Но, еднакво хранлив и вкусен како домашниот е и Баланс+ кефирот на Битолска млекара, достапен во продажба од неодамна.

Хранливоста на Баланс+ кефирот е добиена од 5 млечни култури и кефирни култури, содржи 2,8 млечна маст и има богат кремаст и благ вкус.

Достапноста на Баланс+ кефирот во пакување од 950 и 500 грама овозможува секој ден да имате кефир којшто е совршено здрав и хранлив појадок за идеален почеток на денот, пријатен и богат вкус и квалитет како дома подготвен.