Излечете ја настинката со оригано
11/01/2017

Познато е како задолжителен зачин за пица и тестенини, но ориганото е и многу делотворно растение со бројни лековити состојки и есенцијални масла.

Истражувања покажале дека содржи два до три пати повеќе антиоксидантски својства од другите намирници.

Чајот од оригано регулира многу здравствени проблеми причинети од намалување на имунитетот и нарушување на цревната флора, а посебно се препорачува во случаи на бронхитис, настинка и воспалено грло.

Вкусот му е необичен, а изразената горчина се задржува долго време по консумирањето.

За да не погрешите со дозата, најдобро е од аптека да купите чај во кесички.