n Што кога дезодорансот не помага? - Balansplus.mk
Што кога дезодорансот не помага?
29/06/2016

Прекумерното потење, без разлика на годишното време, може да биде многу непријатен проблем, пропратен со непријатен мирис под пазувите и покрај редовната хигиена и употребата на дезодоранси.

Сепак, благодарение на природата и советите од традиционалната медицина, има решение и за овој проблем.

Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс и ги уништува бактериите. Доволно е да натопите малку памук со мешавина од оцет и вода во однос 2 спрема 1, и со тој раствор да ги пребришете критичните делови кои се потат.

Постапката повторувајте ја навечер пред спиење, се додека не исчезне непријатниот мирис и потењето.

Уште едно практично и евтино решение е и сода бикарбоната. Ставете прстофат сода бикарбона во малку вода или на влажни прсти и со тоа истријте ги пазувите. Кога ќе се исуши, остатокот од правот избришете го со марамче.

Лимонот е посебно ефикасен против потењето – делува како природен дезодоранс, а киселоста ги убива бактериите. Исечете го на две половини и со секоја од нив истријте ги пазувите. Оставете така да стои околу половина час, а потоа измијте се со ладна вода. Повторувајте најмалку еднаш на ден.

Коментари