Јогата им помага на оние со артритис
29/06/2016
Истражување спроведено во американскиот универзитет Џон Хопкинс покажало дека јогата помага во ублажување на болките предизвикани од артритис.
Резултатите се добиени со набљудување на 75 повозрасни испитаници кои страдале од артритис или остеоартритис на колената.
Во текот на два месеци, учесниците вежбале јога три пати неделно, а по завршувањето на периодот за набљудување кај нив било забележано подобрување на општото физичко, но и психичко здравје.
Во претходни истражувања веќе е утврдено дека јогата е поврзана со смалување на воспалителните процеси во зглобовите, една од причините за поединечни видови артритис.