Кога се работи за слабеење, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на вишокот килограми, освен внимавањето на исхраната, влијае и внесот на алкохол.
Алкохолните пијалаци можат да бидат многу калорични. Јаглехидратите и протеините содржат 4 калории по град, а мастите девет. Алкохолот има 7 калории по грам и се обработува поинаку од останатите макронутриенти за кои знаеме (јаглехидрати, протеини, масти).
„Нашето тело го идентификува алкохолот како токсин и работи забрзано за да го исфрли од организмот“, објаснува фитнес експертот Оби Обадајк.
Кога станува збор за здравјето, алкохолот има многу лоша репутација – не само заради калоричноста, туку и затоа што го забавува нивото на оксидација на мастите во организмот, односно количината на масти кое телото ја согорува.
Ова се отсликува и на останатата храна што ја консумираме, што доведува до појавата на т.н. пивски стомак.
За да ја спречите оваа појава, бидете умерени во пиењето алкохол, а ако веќе решите да консумирате, наредниот ден посветете повеќе внимание на здравата исхрана.