Како да го спречите дијабетесот?
01/08/2016

Дебелината, недостатокот на физичка активност и потрошени калории и благата и масна храна се само дел од причинителите на дијабетес.

За да се спречи оваа болест која со причина ја нарекуваат „тивок убиец“, треба да се консумира куркума, јагоди, сирење, јогурт, црвено вино, цимет, јаболка и спанаќ.

Куркумата содржи куркумин кој го одложува, а во некои случаи и спречува дијабетесот. Потребно е уште време за истражување за да се утврдат долгорочните ефекти на куркумата, но и првичните резултати се ветувачки.

Јагодите треба да ги јадеме редовно. Научниците тврдат дека помагаат во активирање на протеините во организмот кои го намалуваат лошиот холестерол и крвните липиди. Експериментите покажале дека јагодите го намалуваат нивото на глукоза во крвта.

Сирењето и јогуртот исто така се ефикасни во превенцијата на дијабетес, но треба да се консумираат исклучиво немасни.

Црвеното вино содржи ресвератрол, кој помага во функцијата на шеќерот со тоа што го регулира инсулинот во крвта. Треба да се пие умерено, една чаша на ручек.

Циметот има бројни позитивни ефекти, а меѓу другото го снижува нивото на глукоза во крвта, но и нивото на триглицериди и лош холестерол, додека истовремено ја подобрува осетливоста на инсулин.

Јаболката содржат антоцијанин кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта.

Спанаќот е богат со хранливи материи, а дневното консумирање го намалува ризикот од дијабетес за 14%.

Коментари