n Како да останете фокусирани на училиште - Balansplus.mk
Како да останете фокусирани на училиште
12/09/2017

На сите, по некое време, им здосадува седењето по неколку часа на едно место. Во продолжение со вас ќе споделиме неколку совети кои ќе ви ја подобрат концентрацијата со што ќе имате повеќе сила да го задржите фокусот.

1. Седете на првите клупи
Другите кои се околу вас и пред вас нема да можат да ви го одземат вниманието. Секое зборување, шепотење, смеење и сл. може да ви го одземе вниманието, а тоа најчесто се случува на последните клупи.

2.Бидете активни на час
Слушајте го професорот, соработувајте, поставувајте прашања и со тоа ќе останете фокусирани, времето ќе ви поминува побрзо и поинтересно, а ќе научите и голем дел од материјалот на самиот час, наместо дома J

3. „Фаќајте“ забелешки
Слушајте на час и се што звучи интересно запишете го во кратки црти во вашата тетратка.

4. Исклучете го телефонот
Ако навистина сакате да се сконцентрирате, сосема исклучете го телефонот. Нема да ви помогне ако го ставите на вибрации, затоа што секоја вибрација од порака или социјална мрежа може да ви ја наруши концентрацијата.

5. Јадете здраво
Гладувањето може да ви го одземе вниманието, а не е ниту здраво. Затоа, земете си здрава храна по пат до училиште и не се изгладнувајте.

6. Спијте редовно
За максимална концентрација, треба да спиете минимум осум саати.

7.Правете вежби за истегнување
Кога ќе се разбудите истегнете се убаво и раздвижете ги мускулите. Тоа е најдоброто загревање за долгиот училишен ден.