Како да се храните здраво и на семеен одмор?
22/08/2016

Одморот не треба да биде изговор да јадете нездрава и брза храна. Родителите треба да им помогнат на своите деца да направат здрави избори во исхраната без разлика дали се дома или на патување.

Не им дозволувајте на децата да јадат од досада. Направете дневен распоред и покажете им го на вашите деца, и гледајте да се придржуваат до него.

Секогаш имајте при рака здрави грицки како пуканки, интегрални крекери, но носете и јогурт, вода, овошје и зеленчук.

Кога јадете во ресторан, потсетете ги децата дека треба да изберат нешто здраво.

Додека сте на плажа, консумирајте многу вода.

Коментари