Како да се заштитиме од бактерии во храната за време на летото
17/07/2017

Летото е совршено време за пикник и готвење на отворено, но топлото време исто така создава совршена средина за поддршка на растот на штетните бактерии во прехранбените продукти. Чувајте ги вашата храна и семејство безбедни со следење на овие едноставни совети.

1.Користете термометар

Термометар е алатка број еден за да бидете сигурни дека вашата храна зготвена на скара е со совршена температура за да ги уништи досадните патогени бактерии. Истражувањата покажуваат дека проверката на бојата на храната не е точен начин да се открие дали вашата храна е спремна за консумирање.

2. Остатоци од храна

Расипливата храна како варено или сурово месо и салатите никогаш не треба да се остават на собна температура повеќе од 2 часа. Кога времето станува топло – над 30 степени целзиусови – храната смее да остане надвор најмногу 1 час. Фрлете ја храната која не е во фрижидер, ако го надмине временското ограничување.

3. Поделете ја суровата и варената храна

Ако се решите да подготвите хот дог, плескавици, пилешко месо или стек користете посебни чинии за месото и за варената храна.

4. Темелно измијте ги намирниците

Измијте ги овошјето и зеленчукот во ладна вода пред да јадете за да ги елиминирате бактериите. Ова вклучува и миење на намирниците како диња пред да ги исечете за да не ги префрлите бактериите од кората кон внатрешноста.

5. Темелно измијте ги ќесите за пакување на храна

Бактериите можат да се задржат подолго време во ќесите во кои паувате со храна. Ако планирате да ги користите повторно, претходно убаво измијте ги.