баланс
Како квалитетниот и здрав појадок влијае врз организмот
16/03/2021

Повеќето нутриционисти сметаат дека појадокот е најважниот оброк во денот, а дневното снабдување на организмот со хранливи материи, минерали, витамини и други хранливи состојки во голема мера зависи од појадокот.

За важноста на појадокот укажуваат и бројни студии кои покажале дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот имаат проблем со метаболизмот, концентрацијата и телесната тежина.

Важноста на појадокот се зголемува ако сакате да се храните здраво, односно треба да започнете од него. Колку и да брзате и имате обврски, на овој оброк вреди да се обрне внимание, бидејќи на тој начин можете да си обезбедите енергија што ви е потребна за остатокот од денот.

Затоа што е главен оброк, треба да содржи доволен извор на јаглехидрати, протеини, витамини и минерали. Протеините се главен извор на енергија и тие се задржуваат во организмот повеќе отколку јаглехидратите и шеќерите, и како такви треба да бидат првиот избор за утринскиот оброк, особено кога станува збор за појадок на работа, или пред напорна работа.

Протеините може да се најдат во различни производи како сирење, јајца или јогурт. Но, доколку се одлучите да го започнете денот со протеини, изберете здрави производи и такви што содржат и други корисни за здравјето состојки, како што е Баланс+ функционалниот јогурт.

Со Баланс+ покрај многу потребните хранливи материи, во вашето тело внесувате и исклучително корисни влакна, како и пробиотските култури LA5 и BB12, посебно корисни и потребни за одржување рамнотежа на цревната флора и со тоа превенираат населување или развивање на лошите бактерии.

Придобивките од појадокот се многубројни, а прво треба да се земат предвид здравствените. Здравиот појадок на работа или дома ќе има позитивно влијание и врз намалување на дебелината, регулирање на високиот крвен притисок, но и на срцеви заболувања и дијабетес.

Со воведување Баланс+ во утринска рутина, без сомнение се внесува потребниот баланс во организмот и се воспоставува нормално функционирање на дигестивниот тракт.

Покрај тоа, Баланс+ е збогатен со природни влакна а присуството на добрите бактериски култури кои покрај регулирање на цревната микрофлора, поттикнуваат и добро расположение и ја обезбедуваат многу потребната енергија за успешен работен ден.

Само 500 мл Баланс+ јогурт на ден, најдобро наутро за појадок и навечер со вечера, може да помогне да се обезбеди правилно функционирање на метаболизмот и да се воспостави рамнотежа на цревната флора, што резултира со значително подобар квалитет на живот.