Сценариово веќе ви е познато: го одработивте поголемиот дел од работата, а околу пладне главата ви е тешка како камен и почнува да ви се спие. Не сте единствени.
Повеќето од нас во тоа време посегнуваат по втората доза кафе со надеж дека бргу ќе не расони и ќе не врати во „работна“ форма.
Но постојат и други решенија:
Играње, слушање музика и излегување на дневно светло се некои од решенијата за расонување, но најинтересно е ова: гледање видеа со мачки.
Според тврдењето на Американското друштво на хемичари, гледањето смешни видеа со мачки може да ви го подобри расположението и со тоа да ве разбуди.
На овој начин ќе го дигнете нивото на окситоцин (хормонот на среќата) во организмот и ќе го смалите нивото на кортизол (хормонот на стрес), што на крај ќе ви ја зголеми концентрацијата.
Треба да се пие и доволно вода за да се одржи хидратацијата на организмот, бидејќи откако телото ќе изгуби дури и само 1% од течностите, тоа влијае врз физичкото и психичкото здравје на организмот.