Орторексија е опсесија со здрава исхрана, која во Инстаграм добата доби огромен залет и нормално, стана опасна по здравјето.
Само впишете ги хаштаговите #EatClean или #CleanEating на кој било социјален медиум и ќе ви излезат милион фотки. Но колку е здраво постојано да се следат трендови за здрава исхрана? Или ќе се опседнете? Експертите велат дека линијата е тенка.
Нутриционистката Мери Дај вели дека преголемото внимание посветено на здравата исхрана е ново нарушување што се вика орторексија.
„Терминот е нова кованица, но го сметаме за широко распространето нарушување во исхраната“, објаснила таа.
Иако нема толку многу истражувања за орторексијата како за останатите нарушувања во исхраната, тоа е реална фиксација на здрава исхрана и избегнување на производи кои се перцепираат за нездрави, а главен фактор се социјалните медиуми.
Нормално, здравата исхрана генерално има одличен ефект врз организмот, но некои луѓе едноставно претеруваат – исфрлаат цели групи на храна како јаглехидрати и глутен бидејќи мислат дека така ќе изгледаат или ќе се чувствуваат подобро, и тоа прераснува во опсесија.