функционален јогурт
Кои се симптомите на нарушена цревна флора и како да се реагира
23/04/2020

Нездравите навики во исхраната се една од главните причини за нарушената рамнотежа на цревната флора.

Несоодветната исхрана првенствено вклучува генетски модифицирани производи кои предизвикуваат сериозно оштетување на добрите бактерии, а со тоа ги фаворизираат лошите.

Преголемиот раст на штетните бактерии се должи на зголеменото консумирање јаглени хидрати, а бидејќи оваа навика е присутна кај повеќето луѓе, би можело да се каже дека нерамнотежата на цревната флора е исклучително застапена при неправилна исхрана.

Рамнотежата на цревната флора може да биде нарушена и од примање антибиотици, кои ги уништуваат лошите, но и добрите бактерии во цревата.

Исто така, го ослабува имунолошкиот систем и ја нарушува рамнотежата во дигестивниот тракт, што со себе носи и други здравствени проблеми.

Нарушувањето на цревната флора се манифестира со зголемување на телесната тежина, замор, постојан недостаток на енергија, а исто така и со зголемена потреба за кофеин и благо.

Одговорот на ваквите симптоми е првенствено менување на исхраната и започнување рутина што вклучува свежа, органска храна богата со растителни влакна.

Преработената храна, која некогаш е невозможно да се избегне, треба да се минимизира, како и сите намирници кои навистина имаат поздрава алтернатива.

Утринското кафе се заменува со јогурт и дневната доза слатки со свежи овошни салати. Потребни се производи со пробиотици, а јогуртот со пробиотик кој најдобро одговара за секојдневна употреба со кој било оброк, посебно се издвојува.

Како функционален јогурт со позитивно влијание на цревната флора и на многу други функции во организмот е пробиотскиот јогурт Баланс+, за кој е докажано дека има позитивен ефект врз рамнотежата на цревната флора, доколку се консумира во препорачаните количини.

Според клиничката студија што ги опфаќа придобивките за здравјето на овој јогурт, внесувањето рамнотежа во цревната флора се постигнува со пиење минимум 500 грама на ден.

За здрава цревна флора, исто така, се избегнуваат газирани пијалаци и хидрогенизирани масти, а во дневното мени се внесуваат ореви и многу овошје и зеленчук. Овие намирници природно ја снабдуваат цревната флора со пробиотици, односно добри бактерии кои брзо ја враќаат рамнотежата.

Здрава цревна флора, исто така, значи и здрави црева, што дополнително придонесува за имуниот систем и многу други процеси во организмот.

Урамнотежената и здрава цревна флора е еден од столбовите на здравјето, затоа е потребно организмот да се снабдува со храна што позитивно ќе влијае на тоа.

Коментари