n Колку дена одмор се навистина потребни помеѓу тренинзите - Balansplus.mk
Колку дена одмор се навистина потребни помеѓу тренинзите
18/09/2017

Бројот на денови за одмор што го правите помеѓу тренинзите зависи од интензитот со кој тренирате и посебно од вашето ниво на физичка подготвеност.

Правилото гласи, доколку почувствувате болка во мускулите, престанете со тренинзите се додека мускулите не се исцелат самите и болното не престанат.

На пример, доколку почувствувате болка во нозете од претходните тренинзи, тоа не значи дека треба да направите ден за одмор, туку дека имате можност тренинзите да ги намените за горниот дел од телото. Затоа потребно е да ги балансирате видот на вежбите се со цел да избегнете поголемо оптеретување на еден ист дел од телото неколку дена по ред.

Потребно е да направите најмалку 1 до 2 дена одмор во текот на неделата.

Лесната физичка активност за време на денот за одмор може да ви помогне да го зголемите вашето расположение, вашето здравје и вашиот напредок да го одржите нивото на телесна тежина и фитнес.

Доколку сакате да останете активни дури и во деновите за одмор, добро правило е тоа дека активноста не треба да биде нешто што би предизвикало болки во мускулите, односно вежби со намален интезитет од вашиот нормален тренинг.