n Конечно измислија чоколадо што не дебелее - Balansplus.mk
Конечно измислија чоколадо што не дебелее
16/05/2016

Научниците конечно измислија нов начин на консумирање на чоколадото во вид на таблети, начин што според нив ем е здрав, ем не дебелее.

Тие веруваат дека екстрактот од какао кој го содржи соединението флаванол, ја подобрува циркулацијата и го одржува здравјето на срцето.

Таблетите со флаванол се веќе одобрени од европските здравствени власти кои се согласуваат со тврдењето за позитивните ефекти.

200 милиграми флаванол го подобрува протокот на крв, а со тоа и општото здравје на организмот.