n Мартин Видоевски: Најголемиот проект кој досега сум го работел е работата на себе! - Balansplus.mk
мартин видоевски
Мартин Видоевски: Најголемиот проект кој досега сум го работел е работата на себе!
17/11/2017

Мартин Видоевски е магистер по Човечки ресурси, меѓутоа неговата моментална професија и животна преокупација ни најмалку не се поклопуваат со она за што се образувал.

Тој истовремено е и сертифициран бодибилдинг и фитнес тренер преку Бодибилдинг и фитнес Федерацијата на Македонија и Факултетот за физичка култура, а неговото професионално искуство вбројува и менаџирање на Фитнес центарот во салата „Јане Сандански“.

Денес работи како личен тренер во Фитнес центарот во Парк Хотел и Спа, меѓутоа она што е најинтересно кај Мартин е податокот дека од својата 14-та година па сѐ до денес има изгубено повеќе од 30 килограми и сосема го има променето својот животен стил.

Вели дека најголем проект кој досега го има работено, а и сѐ уште го работи, е работата на себе. Од 2000 година е целосно посветен на фитнесот и здравата исхрана, а својот баланс вели го наоѓа единствено во истрајноста.

Со што поточно се занимаваш? Дали можеш да опишеш еден твој типичен ден?

Мојот ден започнува во 5.28 изутрина кога го носам на прошетка моето милениче Луси. Торбата за на вежбање/работа ми е подготвена од претходната вечер и веќе во 5.50 сум во фитнес центарот во Парк Хотел и Спа.

Мојот тренинг е од 6 до 7 часот изутрина, заедно со уште неколку дечки и девојки на кои вежбањето и правилниот начин на исхрана им го пренесувам да им стане навика. Од 7 па сѐ до 16 часот ги одржувам тренинзите во фитнес центарот со моите клиенти и потоа времето го поминувам со моето семејство, мојата сопруга, нашата ќерка и нашето милениче, и секако дружба со пријателите.

Твојата определба за здрав животен стил почнува уште во 2000, кога како што велиш си бил „дете со проблематична тежина“. Како се одлучи за ваква промена и која е твојата мотивација сѐ до денес?

Откако паметам за себе, јас бев заоблено дете и мајка ми секогаш ми зборуваше да ја променам исхраната. Тоа се случи неколку недели пред полуматурата, кога започнав друг начин на исхрана и да тренирам.

За неполни два месеца намалив 32 килограми и оттогаш па сѐ до ден денешен вежбањето ми е во крвта и нема ден да го прескокнам. Мотивацијата е сѐ поголема со секој нов клиент кој започнува едно патување со мене. Нивната доверба ми ја подигнува мотивацијата на сѐ повисоко ниво.

Какви лични ритуали имаш пред да започнеш со вежбање?

Вежбањето е мојот личен ритуал! Денот ми започнува со тренингот, без исклучок. Секако имам и ритуали околу исхраната, меѓутоа сѐ што правам следува по тренингот.

Каква исхрана применуваш? Кои се твоите ритуали за време на оброкот?

Применувам високо протеинска исхрана која е ограничена со внесување на јаглени хидрати и масти. Појадокот од 2006 година не сум го променил и тој вклучува 60 гр овесни снегулки, 200 мл Balans+, 100 мл вода, 2 мерици протеински шејк, 1 лажица чиа семе и 1 лажица ленено семе. Понатаму во текот на денот јадам месо или риба со салата.

Дали сѐ уште се доведуваш во искушенија и како одговараш на истите?

Не се доведувам во искушенија, но и не сум роб на мојата исхрана, па доколку почувствувам потреба да каснам нешто друго, тоа го правам без никакво двоумење и без грижа на совест, затоа што знам дека повторно ќе се вратам на правилниот начин на исхрана.

Секако, ова се случува во зимскиот период. Летниот период нема искушенија!

Пица или здрав протеински оброк? Хамбургер од 7-ца или Чиа салата од некој веге бар?

Секогаш здравиот оброк победува, независно што содржи. Добро избалансиран оброк со сите потребни состојки е секогаш мојот фаворит, меѓутоа домашната пита од баба со чаша Balans+ исто така е секогаш добар избор.

Во секој случај, независно дали ќе се одлучам за здрав или „нездрав“ оброк, Balans+ влегува во секоја комбинација.

Каде го наоѓаш својот баланс во исхраната?

Балансот пред сѐ го наоѓам во вежбањето и во внесот на калории. Како што напоменав и претходно, доколку си дозволам помалку здрав оброк, го компензирам со вежбање со цел да ги изгубам дополнителните калории.

Што содржи за тебе еден идеален оброк?

Идеален оброк е мојот појадок! Тој е секогаш ист, вклучува овесни снегулки, Balans+, протеински шејк и здрави масти. Меѓутоа се разбира дека и оброк кој ги содржи основните компоненти за правилна функција на телото и метаболизмот, за мене е идеален оброк.

Кога велам основни компоненти, мислам на различен внес на протеини, како месо, риба или млечен производ кој најчесто е Balans+, потоа здрави јаглехидрати, како овошје, зеленчук и житарки и здрави масти, како различни видови семиња, јаткасти плодови и сл.

Зошто го консумираш Баланс+ и во кои прилики?

Го консумирам во секакви прилики, како што кажав и претходно, најчесто за појадок, но и во други комбинации, за време на други оброци.

А, зошто го консумирам? Пред сѐ бидејќи прави да се чувствувам лесно и ми ја дава потребната енергија, но со сигурност тврдам и дека помага во варењето на храната и во регулирање на метаболизмот бидејќи ги намалува стомачните тегоби.

Често за мене претставува и замена за брз, здрав оброк или ужина, најчесто во комбинација со житарки. На крајот, го консумирам се разбира и поради одличниот освежителен вкус.

Ти истовремено имаш и свое семејство. Како се справуваш со домашните обврски наспроти ангажманите како личен тренер?

Морате во животот да најдете баланс, работата е работа, меѓутоа семејството е секогаш на прво место. Никогаш не би се довел во ситуација да трпи моето семејство поради мојата работа.

Дома имаме бебе и обврските неминовно е дека се зголемуваат, но можам да кажам дека одлично се снаоѓаме со сопругата во секое поле. Балансот е секогаш во добрата организација на времето.

Кое е твоето лично мото и што би препорачал на оние кои сѐ уште не можат да го најдат својот личен баланс?

Правете го во животот она што ве прави среќни. Прекраток период сме на Земјата за да трчаме по туѓи идеали. Најдете во својот баланс токму во она што ве исполнува, и тоа ќе биде вашата идеална формула за среќа.

А ако сепак не можете да го најдете личниот баланс, одете до најблискиот маркет и купете го Balans+! 🙂
Ако ништо друго, барем ќе ви даде енергија да се справите со вашите секојдневни предизвици.