Користете јавен превоз за подобро здравје
29/06/2016

Користењето јавен превоз не само што е добро за животната средина, туку и за здравјето – спречува кардиоваскуларни болести и дијабетес.

Ова се резултати од истражување на јапонски тим експерти од Центарот за здравствени услуги во Осака.

Во истражувањето спроведено во 2012-та година, се покажало дека одењето на работа со јавен превоз ја намалува опасноста од хипертензија за 27%, а за дијабетес за 34%, кај лица на возраст од 49 до 54 години.

Авторите на истжувањето тоа го објаснуваат со фактот дека оние што користат јавен превоз редовно пешачат до автобуските станици, за разлика од оние кои користат автомобили.

Одењето на работа со јавен превоз е корисно исто (или слично) како занимавањето со спорт, возење точак или пешачење.

„Заради редовната физичка активност која е многу важна за здравјето, вработените треба да користат јавен превоз до работа, или да одат пешки или со велосипед, кој е најдобриот избор“, се наведува во студијата.