Кремасто парфе со калинка и чиа
01/06/2016
Чиа семињата создаваат гел кога се потопени во течност кој личи на пудинг и е богат со протеини. Иако пудингот од чиа е многу популарно јадење, особено е вкусно кога ќе додадете уште една текстура како Фит крем јогуртот.
Состојки:
- 1/4 шолја сок од калинка
- 2 лажички чиа семиња
- 1 чаша Фит крем јогурт
- 2 лажици сецкани ф`стаци
- 2 лажици семки од калинка
Помешајте го сокот од калинка и чиа семињата во мал сад и оставете го во фрижидер за време на ноќта.
Ставајте слој од чиа мешавината и слој крем јогурт, додадете ф`стаци и семки од калинка.