Месото ја чува витката линија
28/06/2016

Оние што сакаат да ослабат, најчесто најлесно се откажуваат од месо, но тоа е и најголемата грешка што можат да ја направат.

Повеќето нутриционисти велат дека месото е неопходно за организмот (во умерени количини), само е важно да не биде мрсно (на пример, да не се приготвува на масло).

Постои и движење кое вели дека исхраната богата со протеини е најздрава, а со тоа е и најздравиот начин на губење на килограмите.

Затоа, оние што сакаат да ослабат, наместо калории треба да бројат протеини – кога јадете протеини, телото истовремено со внесувањето троши калории, па нема опасност од трупање на вишок.

Коментари