n Најздравите празнични трпези ширум светот - Balansplus.mk
Најздравите празнични трпези ширум светот
23/12/2016

Докторката Кристина Мерифилд од Лондон ги рангираше божиќните оброци од различни земји ширум светот. Очекувано, САД се најде на дното на листата, а во продолжение се петте најздрави.

Полска

На божиќното мени во Полска има супа од цвекло со кнедли, шаран и компот од суво овошје.

Франција

Во оваа земја се слави со паштета од патка, печен петел/мисирка/фазан, сирење, салата и чоколаден ролат.

Шпанија

На богатата шпанска празнична трпеза ќе добиете шунка, сирење, шпански колбас, риба, супа од школки, печено јагне со помфрит, бонбони од бадеми и шпанско вино.

Германија

Како ви звучи печена патка и печен шаран, со печен компир и зелка, колбаси и компир-салата, марципан и шеќерни стапчиња?

Англија

Традиционалната божиќна понуда за сите гурмани се состои од печена мисирка, печено прасе, јоркширски пудинг, печен компир и зеленчук и познатиот божиќен пудинг.