Намирници кои го ублажуваат стресот
29/06/2016

Постои разлика меѓу „храна за утеха“ и „храна која смирува“. Кога сте под стрес, не треба да посегнете по првиот вид бидејќи ќе ви го преоптовари организмот и само привремено ќе ви го подобри расположението.

Наместо тоа, изберете здрава алтернатива која трајно ќе ви го подобри расположението.

Зелен тревест зеленчук – овој вид зеленчуци, посебно спанаќот го поттикнуваат создавањето на допамин, хемикалија во мозокот која има смирувачки ефект врз организмот.

Мисиркино месо – богато е со триптофан кој го олеснува заспивањето, но и ве орасположува, а истиот ефект може да го постигнете ако јадете јајца и леќа.

Лосос – Омега 3 масните киселини во лососот се борат против хормонот на стрес и како резултат се чувствувате поопуштено.

Индиски орев – ќе ви ја дадат потребната доза цинк, минерал кој се бори против анксиозност и депресија.