Намирници за подобро расположение
28/06/2016

Чоколадо

Постојат научни докази што ја потврдуваат теоријата дека чоколадото не прави посреќни. Само 40 грама темно чоколадо за две недели драстично го намалува дејството на кортизолот, хормонот на стрес. Сепак не треба да се претерува, во 40 грама чоколадо има 235 калории.

Овошје и зеленчук

Уште една причина да јадете здрава храна! Свежото овошје и зеленчук го намалуваат ефектот на депресија, а антиоксидансите со кои се богати го прават организмот поотпорен на лошо расположение.

Риба

Консумацијата на масна риба, како лосос, туна, сардина или пастрмка е основа за добивање на многу важните омега 3 масти, кои се поврзани со лачењето на допамин и серотонин.

Кокос

Кога сте под стрес, мирисот на кокос може да ви го подобри расположението и ја смирува реакцијата на стрес.

Чај

Пиењето црн или зелен чај, кои содржат одредена доза кофеин и тианин (аминокиселина) не будат и ја подобруваат работата на мозокот, но и расположението. Редовното пиење го поправа и фокусот, а се препорачува дневно да пиете околу 240 милилитри чај.