Напиток кој го намалува холестеролот
24/02/2017

Вкусното и хранливо какао е и многу здраво за нас. Поточно, влијае врз намалувањето на крвниот притисок и ги ојачува крвните садови, но и го намалува лошиот холестерол, а го зголемува добриот.

За тоа се заслужни флавоноидите кои какаото ги содржи во голем број, а кои истовремено се значајни и за намалување на фактор ризикот од дијабетес.

Какаото треба да се пие топло. Помешајте една чаша млеко, две лажици какао во прав, една лажица мед, една лажица екстракт од ванила и прстофат сол.

Мешајте на тивок оган додека напитокот не добие пенлива структура и уживајте во шолја полна здравје.

Состојки:

  • 1 чаша млеко
  • 2 лажици какао во прав
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Прстофат сол