n Новиот тренд наречен „бесна“ јога - Balansplus.mk
Новиот тренд наречен „бесна“ јога
28/06/2016

Замислете си час по јога со пиво, вриштење и пцуење, додека во позадина оди Metallica и Black Sabath.

Ова постои во Калгари, Канада, каде што Линдзи Мари Истас држи часови по нејзиниот уникатен вид на оваа античка духовна вештина.

Истас изјавила дека идејата за „бесна“ јога и дошла по болно раскинување на врска, кога обичните јога часови и станале досадни и еднолични.

Часовите обично привлекуваат 5 до 12 посетители, а чинат 100 долари за 10 сесии, со вклучени две пива.