Победете ја надуеноста – неколку трикови за рамен стомак
22/11/2016

Закопчувањето на фармерките понекогаш ни изгледа како невозможна мисија, а за тоа најчест виновник е надуеноста. За да ја победиме, може да искористиме неколку трикови.

Додадете пробиотици во исхраната – намирниците богати со „добри“ бактерии како јогуртот, или пробиотичките додатоци во исхраната брзо и делотворно ни помагаат да ја избалансираме цревната флора.

Пробиотиците се познати како дел од терапија за нарушено варење, а дел од нив помагаат и во случаи со нетолеранција на лактоза.

Не претерувајте со газирани пијалаци – меурчињата во газираните пијалаци предизвикуваат задржување на гасовите во стомакот и со тоа предизвикуваат надуеност.

Јадете поспоро – уживајте во храната, бидејќи ако премногу брзо јадете и не ја соџвакувате храната, голема е веројатноста да се надуете. Имајте на ум дека варењето на храната започнува од вашата уста и дека можете да ја намалите надуеноста ако доволно џвакате.