Вежби за топење масти на стомакот и половината
28/04/2017
Аеробик вежбите се одличен начин за да ги стопите мастите на стомакот и да ја намалите тежината. Освен тоа, овие вежби го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања со тоа што ја подобруваат циркулацијата на крв во телото.
Како да ги стопите вишокот масти кои се наталожиле на стомакот?
Еве неколку едноставни и ефикасни вежби кои можете да ги правите дома:
- Циркуларен тренинг се во основа аеробни вежби во комбинација со сопствената тежина, со што циркуларниот тренинг припаѓа во групата на тренинзи со висок интензитет. Овие аеробни вежби се извршуваат една после друга со минимален одмор помеѓу вежбите.
- Циркуларниот тренинг вклучува и аеробни и анаеробни вежби. Можете да креирате своја сопствена рутина.
- Степер или скалило – овој тип на вежби го зајакнуваат кардиоваскуларниот систем и посебно го зацврстаува долниот дел од телото. Едноставно, качувајте се и симнувајте се по скали 15-20 минути. Подоцна, можете да зголемите на 30 минути. Оваа вежба е одлична за загревање, но внимавајте скалите или степерот да бидат стабилни.
- Скокови. Оваа вежба е со јак интензитет и ги активира рамењата, долниот дел од телото, внатрешниот дел од бутовите и листовите. Оваа вежба можете да ја правите и со јаже за скокање. За 45 минутно вежбање со скокови, се топат околу 450 калории.
- Кикбокс . Уште една едноставна вежба која согорува околу 800 калории за еден час. Кикбоксот помага за согорување на масти на половината и нозете.
- Чучњеви. Одлична вежба за слабеење на стомакот и целото тело. Додадете ги во секојдневната рутина.
- Хулахоп . Земете хулахоп. Омилената игра од детството е токму таа која ќе ви помогне да ја истенчите половината и да ги стопите мастите на стомакот 🙂
- Склекови . Вежби со кои се активираат и рацете и нозете. Можете да ги зацврстите мускулите и да ги стопите мастите на стомакот правејќи склекови.