n Што се случува кога ни е ладно? - Balansplus.mk
Што се случува кога ни е ладно?
09/11/2016

Зошто сите различно реагираме на ладното? Секогаш има барем еден во друштво или на работа на кого му е поладно од останатите. Што се случува во нашето тело кога ни е ладно и дали чувството е наследно?

Перцепцијата на ладно почнува кога нервите во кожата праќаат импулси до мозокот за температурата на кожата и промени на истата.

Напливот на нервни импулси настанати од пад на температурата на кожата може да биде и рано предупредување за нешто што ќе предизвика телесната температура да опадне.

Импулсите кои допираат до церебралниот кортекс, делот од мозокот со кој што размислуваме, генерираат информации за тоа колку ни е ладно. Потоа се комбинираат со импулси од лимбичкиот систем, кои се одговорни за нашата емоционална состојба, за да одредат колку силно го чувствуваме ладното. Овие чувства не тераат на одредено однесување, како свиткување на телото, потопло облекување или жалење.

На жените најчесто им е поладно отколку на мажите, а тоа веројатно се случува бидејќи имаат пониска температура на кожата.

Чувството на ладно може да биде и наследно. Истражување во кое учествувале близнаци открило дека чувството на ладно во рацете и нозете е поврзано со родителите.

Можеби најголемиот кривец за зимурливоста е токму топлата облека во која се криеме од зимата. Индустријата за облека ја врши работата што треба да ја врши нашиот метаболизам.