Подолг живот со зелен чај
28/06/2016
Јапонските научници тврдат дека тајната на долгиот и здрав живот се крие во зелениот чај.
Истражување спроведено врз 40 илјади личности покажало дека возрасните кои дневно пиеле барем 5 шолји зелен чај имале 16% помала стапка на смртност и 26% помал ризик за заболување од васкуларни болести.
Воочено било и дека позитивните ефекти биле поизразени кај жените.
Во Јапонија, овој напиток често се служи после ручекот, бидејќи освен што го освежува здивот, го спречува правењето на забен камен и размножувањето на бактерии во усната шуплина, го оневозможува и создавањето на кариес.
Богат е со антиоксиданси и други состојки корисни за зачувување на виталноста на организмот, а за оптимален ефект треба да пиете две до три шолји на ден.