n Правилото од 5 секунди е опасен мит - Balansplus.mk
Правилото од 5 секунди е опасен мит
28/06/2016

Милиони луѓе се водат по т.н. „правило од 5 секунди“ според кое во ред е да се јаде храна која паднала на под се додека ја кренете во рок од 5 секунди.

Меѓутоа, научници ова „правило“ го етикетирале како мит и нагласиле дека третина од луѓето кои се придржуваат до него го доведуваат своето здравје во опасност јадејќи нечиста храна.

Посебна загриженост искажале заради опасноста од штетните бактерии како ешерихија и салмонела кои веднаш се лепат на храната, без разлика колку долго била на подот.

Истражувањето открило дека 37% од испитаниците јаделе храна која им паднала на кујнскиот под или дневната соба.

Исто така, скоро половина од испитаниците признале дека за чистење на домот користат само освежувач на воздух, а четвртина чистеле само кога ќе почувствувале непријатен мирис дома.

Според тврдењата на многу експерти, најлошите бактерии во нашите домови се „тивки убијци“ кои не можеме да ги видиме или помирисаме, но кои можат да се размножуваат со неверојатна брзина (од една бактерија за седум часа настануваат неколку милиони).