n Како до баланс во организмот преку нормално варење - Balansplus.mk
Како до баланс во организмот преку нормално варење
12/03/2020

Ако се прашувате како да го подобрите варењето на храната и да ги исклучите сите ризици по здравјето, ви претставуваме неколку клучни чекори што ќе ви помогнат во постигнувањето на целта.

Првиот чекор е грижата за сопствената исхрана. Правилната исхрана и Баланс+ јогуртот како дел од неа е клучниот чекор до нормално варење. Грижата за нашето тело започнува точно од исхраната, односно со правилна исхрана и внимателно избрани намирници што се вистински потребни.

Неопходно е да се внесуваат повеќе растителни влакна, витамини и минерали, а помалку маснотии, јаглехидрати и брза храна. Ваквата исхрана ќе направи голема промена што брзо ќе ја почувствувате. Покрај тоа, Баланс+ јогуртот треба да стане ваша утринска и вечерна навика.

Добро оди со оброците, ќе ви одговара неговиот вкус и најдобро од сè, има повеќекратни здравствени придобивки врз дигестивниот систем.

И сето тоа е клинички докажано.

Чувството на надуеност е еден од најголемите проблеми кога станува збор за дигестивниот тракт, а според оваа клиничка студија редовното консумирање на функционалниот јогурт Баланс+ доведува до исчезнување на ова непријатно чувство кај 37% од пациентите.

Покрај тоа што придонесува до значителни подобрувања при решавање на проблемите со дигестивниот тракт, редовната консумација на Баланс+ јогуртот ни носи и други позитивни здравствени аспекти.

Внесува значителна разлика во BMI (индекс на телесна маса), а е утврдена разлика и во процентот на телесните масти што се намалиле а се зголемува количината на вода во телото.

Пиењето функционален јогурт, исто така има позитивен ефект и врз појавата на депресија, којашто најчесто е резултат на проблемите со варењето. Подобрувањето на процесот на варење на храната, создавањето чувство на полетност и виталност, позитивно се одразува врз психичко-емотивната состојба.

За сите овие придобивки и предности по здравјето според студијата, препорачаната дневна доза за консумација на Баланс+ јогуртот е 500g и вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Сепак, овие совети и предности од консумација на функционалниот јогурт се во превентивна насока, односно подобро да се спречи отколку да се лечи. Така што, доколку имате симптоми кои укажуваат на лошо варење или која било од несаканите здравствени состојби, само промените во исхраната не се доволни и потребно е да се консултирате со лекар.