Протеински тарт со малини
29/06/2016
Состојки:
- 50 грама ф’стаци
- 1 парче путер
- ½ чаша шеќер
- 1/2 кафена лажичка екстракт од бадем
- ½ кафена лажичка сол
- 1 ½ чаша брашно
- 300 гр. козјо меко сирење
- 2 пакувања обичен Fit крем јогурт
- 2 лажици сок од лимон
- 2 лажици изрендана кора од лимон
- ½ чаша шеќер во прав
- Мед
- Малини
1. Во блендер, ситно изблендирајте ги ф’стаците. Потоа во сад, мешајте го путерот заедно со шеќерот 1 минута. Додадете ги истолчените ф’стаци, екстрактот од бадем и сол; мешајте додека не се изедначат. Додадете брашно; мешајте со миксер на ниска брзина
2. Смесата ставете ја во 22 цм. длабока тава за торта, со долен дел кој може да се извади. Добро распределете ја смесата по садот и оставете ја во фрижидер околу 30 минути
3. Загрејте ја рерната на 150 °C. Добро притиснете ја смесата на садот со прсти или со вилушка. Печете ја 40 минути (ова е основата на тартот) а потоа оставете да се олади целосно.
4. Во сад измешајте ги козјото сирење, крем јогуртот, сокот од лимон и кората. Додадете го шеќерот во прав и мешајте додека не се стопи. Оваа смеса истурете ја врз смесата која ја печевте (основата на тартот)
5. Одозгора истурете малку мед. Оставете го тартот во фрижидер најмалку 2 часа а потоа е спремен за служење.
6. За служење, додадете и малини