Редовното вежбање штити од 13 видови на карцином
28/06/2016

Редовната телесна активност го намалува ризикот од 13 видови на карцином, се наведува во едно американско истражување објавено во Journal of the American Medical Association, Internal Medicine.

Се проценува дека околу 31% од луѓето во светот не се занимаваат со вежбање кое е доволно да ги одржи здрави – одење, трчање, пливање и возење велосипед со умерено или јако темпо, 150 минути неделно.

И порано било утврдено дека телесната активност ја смалува опасноста од рак на дебелото црево, дојките и ендометрија, но за другите видови рак резултатите не биле доволно јасни заради премалиот број на учесници во истражувањето.

Ова истражување е спроведено врз 1,44 милиони луѓе на возраст од 19 до 98 години во САД и Европа во рок од 11 години.