Рецепт за коса со Баланс+ и маслиново масло
21/09/2017

Состојки:

1 лажица маслиново масло

1 чаша Баланс+

1 лажица сок од лимон

2 чаши вода

Измешајте го маслото со Баланс+ во сад и оставете го на страна. Искомбинирајте ги сокот од лимон и водата во бокал.

Измијте ја косата убаво со шампон и исцедете ја од водата. Премачкајте ги Баланс+ и маслото врз косата и оставете го да делува 20 минути. На крај измијте ја косата со млака вода и со водата и лимонот.

Оваа маска може да ја правите два пати во неделата.
Овој тип на маска ја прави косата пожива и помека за средување, ја штити од кинење и ја заштитува, а лимонот ја балансира pH вредноста на скалпот и и дава сјај на косата.