Вежбајте со цилиндар од пена
01/11/2016

Цилиндрите од пена се одличен додаток во вежбањето и после истото, а редовното користење може да ги има скоро истите бенефити како спортска масажа.

Позитивните ефекти вбројуваат намалување на воспалението во мускулите и зглобовите, подобрување на циркулацијата и зголемена флексибилност.

Со нив може да правите секакви вежби, само потребно е малку да се загреете пред да почнете (брза 5-минутна вежба ќе заврши работа).

Ако сега почнувате со цилиндрите, вметнувајте нови движења во рутината секој втор ден, а кога ќе се испраксирате, може и до двапати дневно – еднаш пред и еднаш по вежбањето.

Ова е почеток на серијалот во кој ќе ви опишуваме какви вежби можете да правите со цилиндар од пена, а започнуваме со првата:
foamroller1
Легнете со грбот на цилиндарот и поставете го веднаш под лопатките на рамената. Свиткајте ги колената за стапалата да ви бидат рамни на подот. Поткренете го задникот и ставете ги рацете зад глава, или прекрстете ги преку градите.

Држејќи ги мускулите на торзото затегнати, полека лизгајте се напред-назад, внимавајќи цилиндарот да се движи по средината на вашиот грб и врвот на лопатките од рамената.