
Сакате да ослабете? Престанете да се досадувате
28/06/2016
Освен вежбањето и здравата исхрана, за линијата е заслужен и интересниот начин на живот.
Истражувачи откриле дека луѓето се посклони кон посегање кон благата и масната храна кога им недостига стимулација на работа, во друштвото или дома.
Односно, нивото на хормонот допамин опаѓа кога ни е досадно, па се обидуваме да го компензираме на друг начин.
Луѓето порадо бираат нездрава храна како чипс и чоколадо додека извршуваат некоја досадна задача, дури и кога гледаат досаден филм.