Седумдневна детоксикација
27/03/2017

Дозволено е: зеленчук, овошје, јаткасти плодови, вода и многу свежи органски локални производи.

Не е дозволено: шеќер, алкохол, кофеин, глутен, соја, јајца, кикирики и вештачки засладувачи

Колку треба да се пие вода:  6-9 чаши на ден

Ден 1-2 и 6-7:

– 07-08 часот: смути

– 10 -11 часот: ужинка

– 12-13: варен зеленчук и ореви за ручек со маслиново масло, лимон и морска сол

– 15-16: ужинка

– 18-19: смути

Ден 3-5:

07-08: смути

10-11: ужинка

12-13: смути

15-16: ужинка

18-19: смути

Ужинка: едно парче овошје и ореви, целер и путер од бадеми, грашок и ореви, крекери и обична торта од ориз со путер од бадеми, варен зеленчук и ореви, авокадо со морска сол, дури и само неколку ореви се доволни ако немате многу време да испланирате однапред.

Едноставно смути:

  • Свежо или замрзнато овошје (една половина банана или една четвртина авокадо)
  • Зеленчук (изберете 2 до 4: спанаќ, краставица, кељ, блитва, целер, магдонос, морков, авокадо)
  • Полна рака семе од коноп, бадеми или ореви
  • Вода (или Битолско Light млеко 0.9%) до саканата густина

Јога: 3-6 пати/неделно и медитација најмалку 10 минути на ден

Ја предложуваме оваа детоксикација бидејќи е навистина едноставна и ако немате премногу време за готвење и подготвување на храната оваа детоксикација е токму за вас. Ако пиете премногу кафе намалете ја количината една недела претходно.

Бидејќи нема да трошите многу време на готвење или јадење надвор слободно можете да ја измените оваа детоксикација (да ја направите подолга/пократка, полесна/потешка).

Откако ќе завршите продолжете со режимот од деновите 1 и 2 се додека сакате и се чувствувате добро.

Среќна детоксикација! 😊

Коментари