Што јадат луѓето што секогаш се фит?
29/06/2016

Истражувачи од универзитетот Корнел испитувале неколку групи луѓе кои водат здрав живот и внимаваат на исхраната.

61% од испитаните 147 личности навеле дека пилешкото месо им е омилен дел од исхраната, а 7% биле вегетаријанци. 63% јаделе зеленчук за вечера, секој ден.

Меѓу испитаниците, ретки биле оние кои го прескокнувале појадокот, а воглавно појадувале овошје (46%), јајца (31%), а интересно е тоа што сланина и житарици не биле меѓу најомилените начини да се започне денот.

„Голем процент од луѓето што се фит скоро никогаш не го прескокнуваат појадокот, кој секогаш е составен од здрави намирници како овошје и зеленчук“, објаснила Ана-Лина Вуоринен, водачот на истражувањето.

Кога станува збор за ужинка, овошјето повторно е најпопуларно меѓу испитаниците (39%), а на второ место биле јаткастите плодови (20%).

Околу 81% од испитаниците изјавиле дека алкохол пијат само повремено, 47% никогаш не биле на диета, а 38% вежбале три пати во неделата, додека 10% немале никаква физичка активност.

Коментари