Таратор со Balans+ кисело млеко
11/05/2016

Состојки:
– Сурими стапчиња – 1 пакетче
– Млади кромитчиња (ситно сецкани) – 2
– Кисели краставици – пола тегла
– Баланс+ кисело млеко – 400 гр.
– Босилек
– Сол

Припрема:
Сурими стапчињата се варат на тивко 6-8 минути, притоа внимаваме да не се преварат. Откако ќе се сварат сурими стапчињата ги сечеме на кругчиња отприлика 1см дебели, ги додаваме киселите краставички исто така на покрупно исечени, кромитчињата, Баланс+ кисело млеко и зачините. Можат да се додадат и други зачини како вегета, куркума или бибер.
Коментари