Таратур со твист
03/08/2016
Исечете ги краставиците по должина и потоа преполовете ги четвртинките, се додека не добиете мали парченца. Ставете ги во сад, наросете со сол, промешајте и оставете ги да отстојат барем 20 минути.
Искомбинирајте го јогуртот, киселото млеко, лимоновиот сок, лукот и магдоносот во сад со средна големина и додадете го маслото.
Исцедете ги краставиците, вратете ги во садот, прелијте ги со мешавината од јогурт и добро промешајте.
*Совет: ако сакате таратурот да го претворите во сос за макање, изрендајте ги краставиците наместо да ги сечкате.
Состојки:
- 4 големи излупени краставици
- 1/2 кафена лажичка сол
- 1 пакување Баланс+ кисело млеко
- 2 чаши јогурт
- 2 кафени лажички лимонов сок
- 2-4 чешниња истолчен лук
- 2 кафени лажички магдонос
- 1 супена лажица маслиново масло