Треба ли да вежбате на празен стомак?
29/06/2016

Дали вежбањето на празен стомак ќе ви помогне побргу да ослабете? Како и повеќето фитнес прашања, и ова спаѓа во неодредената „сива“ област.

Но, според истражување објавено во Journal of the International Society of Sports Nutrition, одговорот би бил не.

Во истражувањето, 20 жени биле поделени во две групи. Три дена неделно, во траење од 60 минути, двете групи правеле кардио вежби на лента за трчање. Пред да почне вежбањето, едната група консумирала хранлив шејк, додека другата вежбала на гладно.

По четири недели, истражувачите откриле дека и двете групи изгубиле ист број на килограми.

„Постои верување дека кога вежбате на празен стомак, телото ги согорува маснотиите како гориво наместо храната“, објаснил главниот истражувач Бред Шоенфилд.

„Но, нема докази кои велат дека вежбањето на гладно има позитивни ефекти врз слабеењето“.