n Вежби со пилатес топка - Balansplus.mk
Вежби со пилатес топка
29/06/2016

За правилно држење на телото, подобра рамнотежа и зацврстување на мускулите, експертите советуваат додека сте во канцеларија да не седите на столче, туку на голема пилатес топка.

Така воедно ќе ги потрошите и вишокот калории. Докажано е дека со седењето на топка и балансирањето пред компјутерот за само еден работен ден, може да потрошите најмалку 160 калории.

Додека воспоставувате рамнотежа, телото постојано ја менува положбата, што воедно и ја подобрува концентрацијата и циркулацијата. А на паузите може да правите лесни вежби за истегнување.

Гради – Легнете на топката и наместете се така што грбот ви е целосно потпрен. Опуштете ги бедрата и главата, а рацете лесно нека ви паѓаат на страна. Задржете се во оваа позиција околу пет секунди.

Баланс – Подигнете ја десната нога, а левата испружете ја позади и подигнете ја топката над глава. Полека спуштајте ја топката на подот и подигајте ја ногата заради рамнотежа. Задржете се пет секунди и потоа променете ја страната.

Бутини – Седнете на топката со раширени нозе. Потпрете ги лактите на колената, опуштете се и истегнете се. За подобар ефект полека буткајте со лактовите кон колената. Задржете се пет секунди.

Коментари