Вежбањето во есен, кога надвор ќе залади и ќе не „фати“ носталгија по летните активности во природа, за многумина знае да биде тешка мисија. Ние сме тука, со неколку практични совети, да ви помогнеме да пронајдете начин полесно да се мотивирате за вежбање во есен.
1. Сменете ја рутината
Доколку вежбате наутро, со промена на временските услови, но и враќањето на зимското сметање на времето, можеби ви е потешко да се будите рано. Наместо да жалите зошто сте го исклучиле алармот и сте продолжиле да спиете, преместете го вашето вежбање за вечерните часови.
2. Додадете нови песни на вашата плеј-листа
Летните хитови можеби веќе го немаат истиот ефект кој го имаа во текот летото и време е да ги смените песните за вежбање 😊.
3. Најдете партнер за вежбање
Облачното и студентото време се доволна причина да изгубите желба за вежбање, затоа најдете партнер за вежбање кој/а постојано ќе ве вика и потсетува за вежбање. Вие можете да влијаете на ист начин на некој/а друг/а, затоа секогаш е полесно да вежбате во тим.