Три вежби за витка половина
18/07/2016

Со едноставни активности и малку упорност, може да ги елиминирате масните наслаги околу стомакот и колковите.

Вежба 1

Загрејте се на степ-клупа, качувајќи се наизменично со левата и десната нога. Кога стоите на десна нога, дигнете го левото колено кон десниот лакт, скоро да се допрат. Повторете со другата страна и правете три серии по десет повторувања за секоја страна. Вежбата е изводлива и без степер, едноставно треба бргу да марширате во место, приближувајќи го коленото и спротивниот лакт.

Вежба 2

Застанете со стапалата во ширина на рамената, испружете ги рацете и дланките спојте ги над главата. Виткајте го горниот дел на телото на лева, па на десна страна. Направете три серии по десет виткања на секоја страна.

Вежба 3

Легнете на под со испружени или полуиспружени кренати нозе, под прав агол. Ставете ги рацете зад глава, подигнете го градниот дел, па полека спуштајте се. Ова движење ги зајакнува стомачните мускули. Правете три серии по десет повторувања.