Тропското овошје што е природен инсулин
28/06/2016
Тропското овошје карела го намалува нивото на шеќер во крвта, а сокот делува против вируси, ги чисти цревата од микроорганизми и помага во слабеење.
Карелата традиционално се користи за готвење и медицина кај азиските народи, во Африка и Јужна Америка, и е една од ретките билки што е признаена од медицината за лековитите својства.
Ја нарекуваат и горчлива диња, а откриена е во Индија. Посебно е популарна кај Јапонците од Окинава, кои се познати по долговечноста.
Содржи малку калории, а незрелите плодови се ризница на различни витамини, калиум, фосфор, магнезиум, цинк, манган, фолати, влакна и други корисни состојки.
Освен тоа, го чисти организмот од токсини и лечи псоријаза, но и го олеснува дишењето.