Црвено богатство – цвекло за подмладување на организмот
29/11/2016

Цвеклото е многу здрав и корисен зеленчук кој може да го консумирате на различни начини – во салата, цеден во сок или како додаток на чорба.

Има многу малку калории и затоа е  дел од многу диети за слабеење, а се одгледува скоро секаде во светот.

Позитивните ефекти од корењата им се познати на докторите многу одамна.

Изразената црвена боја е резултат од пигментот бетацијанин.

Цвеклото има способност да влијае врз процесот на стареење и да го забави, а исто така ги прочистува крвните садови и ја поправа крвната слика.

Овој зеленчук изобилува со витамин Б12 кој учествува во создавањето еритроцити, а јодот кој го содржи помага во борбата со затнатите артерии.

Можеби не сте знаеле, но цвеклото ја спречува деминерализацијата на коските и забите, а високата концентрација на пектин и целулоза овозможува подобро работење на цревата.

Затоа, додадете го овој хранлив зеленчук во вашата исхрана оваа зима и сочувајте си го здравјето во ладните месеци.