n Зајакнете го имунитетот на природен начин - Balansplus.mk
Зајакнете го имунитетот на природен начин
23/12/2020

Со правилниот избор на храна можеме и тоа многу да влијаеме врз функцијата и воопшто работата на имунитетот.

Стекнатиот имунитет, оној што ја има водечката улога во одбраната на организмот од вируси, настинки и воопшто заболувања, може да се зајакнува и неговата одбранбена функција да се поттикнува на природен начин.

Начинот на исхрана, изборот на хранливи имуностимулирачки состојки, активен живот и избегнување штетни состојки, е природен и најефективен начин за да се подобри функцијата на одбранбениот систем.

Правилната исхрана неопходна за зајакнување и подобрување на имунитетот значи поголем внес на овошје, зеленчук, протеини и избегнување нездрави масти, шеќери, додатоци и вештачки ароми, кои се неизбежен дел од скоро сите прехранбени производи.

Монотоната исхрана може да доведе до недостаток на некои многу хранливи материи во организмот, кои се важни за подигнување на имунитетот. Ова првенствено се однесува на цинк, селен, железо, фолна киселина, но исто така и на витамини Д3, Б6, Б12  коишто се познати по своето влијание врз работата на имуниот систем.

Кога организмот е неисхранет или кога не се храни редовно, секој негов сегмент страда, а најмногу страда имунитетот. Се покажа дека слабата исхрана резултира со зголемени инфекции, бавно закрепнување од повреди и инфекции и зголемена чувствителност на симптоми и компликации како резултат на нарушувањата на имунолошкиот систем.

Најсигурен начин да му обезбедите на вашето тело доволно потребни супстанции што влијаат на зајакнување на имунитетот е исхраната да биде балансирана и да вклучува што е можно повеќе различни состојки.

Покрај овошјето и зеленчукот, кои се храна со стандарден квалитет, целозрнестата храна и протеините, исто така можат да му помогнат на организмот во борбата против штетните микроорганизми.

Јогуртот може да биде важен фактор за здравјето и да помогне во природно зајакнување на имунитетот. Неговата тајна е во живите, активни бактериски култури кои се важни за одржување на здрава цревна микрофлора.

Ако имаме предвид дека хранливите материи од цревата стигнуваат до крвотокот, а потоа и до другите органи, јасно е колку е важно здравјето на цревата за добар и силен имунитет. Кога се зборува за храна којашто на природен начин може да го подобри и зајакне имуниот систем, тогаш се мисли на Баланс + Имуно јогуртот.

Овој јогурт покрај добрите, пробиотски бактерии, е збогатен и со трите најважни витамини,  Д3, Б6, Б12  чија функција е поттикнување на работата на имунитетот. Со пробиотските бактерии се врзува присуството на природното влакно инулин, што работи како пребиотик и ги храни и ја поттикнува работата на пробиотиците во чување на чиста и балансирана цревна флора.

Комбинацијата од природна формула со посебен вид култури, влакна и витамини, чија главна придобивка е поврзана со одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем, е тоа што го издвојуваат јогуртот Баланс+ Имуно како клучен во избалансираната исхрана потребна за зајакнување на имуниот систем на природен начин.