Болките во вратниот дел на `рбетот најчесто ги добиваат оние кои долго седат пред компјутер, телевизор, автомобил, а неретко се причинети и од неправилен избор на перница за спиење.
Ако ги трпиме долго време, болките можат да се прошират и кон рамената, па дури и во градниот кош.
За да се ослободиме од оваа непријатна состојба, најважно е да ги опуштиме вратните мускули. Ова се неколку совети што ќе ни помогнат во тоа.
Лево – десно
Лесно навалете ја главата надесно, додека не почне малку да ве боли – задржете се малку во таа положба, па вратете се во нормала. Истото повторете го со левата страна.
Брада на гради
Полека спуштајте ја брадата кон градите, задржете се малку, па вратете се во почетна положба.
Поглед во таван
Навалете ја главата наназад и гледајте во таванот. Задржете се некое време во таа положба.