Здрави меки мафини со Баланс+ јогурт
18/12/2025
Состојки (за ~10–12 мафини)
- 2 јајца
- 150g Баланс+ јогурт
- 60ml маслиново или кокосово масло
- 80g мед или јаворов сируп
- 1 лажичка екстракт од ванила (по желба)
- 200g интегрално брашно (или мешавина: интегрално + овесно)
- 1 кесичка прашок за пециво
- ½ лажичка сода бикарбона
- Прстофат сол
По желба (за вкус):
- 1 банана изгмечена
- 1 шака боровинки, малини или јаболко на коцки
- 1–2 лажици сечкани ореви или бадеми
- Малку цимет или кора од лимон

Подготовка
- Загреј ја рерната на 180°C и подготви калап за мафини (со хартиени корпи или малку масло).
- Во сад измати ги јајцата со медот додека не станат пенести.
- Додај Баланс+ јогурт, масло и ванила – измешај убаво.
- Во друг сад измешај ги сувите состојки: брашно, прашок за пециво, сода и сол.
- Постепено додавај ги сувите во течните состојки и мешај кратко (не премногу).
- Додај овошје или додатоци по желба.
- Наполни ги калапите до ¾.
- Печи 20–25 минути, додека не поруменат (провери со чепкалка).









