Здружението на дијабетичари препорачува: Баланс+ јогурт за одржување на дигестивното здравје на лицата со дијабетес
09/06/2023

Лицата со дијабетес покрај својата здравствена состојба, се соочуваат и со предизвици во однос на исхраната и наоѓање производи што се соодветни за нивниот начин на исхрана. Иако, исхраната е најважниот дел од справувањето со здравствената состојба кај овие лица, сепак, достапноста до прехранбени производи кои се наменети за нив, или пак нивниот состав одговара и го поддржува дигестивниот систем на лицата со дијабетес е ограничена и не е толкава колку што е потребно.

Тука посебно спаѓаат млечните производи, коишто како нутритивен состав се корисни и потребни за исхраната на лицата со дијабетес и нивното вклучување во дневното мени е особено важно, заради витамините, калциумот и посебно протеините.

Единствен млечен производ, што е докажано добар и потребен за специфичната исхрана и којшто влијае позитивно на дигестивното здравје на лицата со дијабетес е функционалниот јогурт Баланс+. Неговиот состав богат со потребните минерали, витамини, пред сѐ пробиотици и пребиотици, ја балансира исхраната на лицата со дијабетес, позитивно влијае врз метаболичките процеси во организмот и помага дијабетичарите да имаат квалитетна исхрана. Баланс+ е и единствениот производ на пазарот за кој што постои клиничка студија која ги потврдува неговите дејства во постигнување дигестивна рамнотежа и во поттикнување на метаболичките процеси.

Во Македонија се регистрирани околу 116.000 лица со дијабетес кои секојдневно се соочуваат со предизвиците што произлегуваат од нивната состојба, но и недоволно информации за исхраната и производите што им се потребни.

Како резултат на тоа Баланс+ заедно со Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија започна едукација на членството за правилна и балансирана исхрана, за потребни промени во исхраната кај лицата со дијабетес и за тоа како пробиотскиот јогурт е соодветен за нивното дигестивно здравје.

Коментари